Тесна трка на Јанша и Голоб пред утрешните парламентарните избори

Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша, кој бара четврт мандат, се соочува со тесна изборна трка утре (24-ти април), поради критиките дека под негово владеење демократските стандарди и слободата на печатот биле поткопани.



Гласањето утре ќе биде “тесна трка“ меѓу Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша и екологистичкото Движење за слобода, предводено од Роберт Голоб, кое сака повеќе инвестиции во обновливите извори на енергија и поголема транспарентност во државните институции, пишува Еуобсервер.

Според анкетата на словенечките „Дневник“ и „Вечер“ објавена во средата, Движењето Слобода има 26,3 отсто, а СДС на Јанша 25,5 отсто.

Неизвесна е и трката за трета најсилна партија, за која се борат Левица (8,8 отсто) и Социјалдемократите (8,6 отсто).