Претседателот Стево Пендаровски предизвика илјадници критички коментари од корисници на социјалните мрежи откако го објави писмото до првиот по ранг во православниот свет, Патријархот Вартоломеј.
Писмото во кое Пендаровски не споменува македонски народ, македонска држава или Македонска православна црква предизвика вознемиреност и лутина кај граѓаните кои покрај во свои постови реагираа дури и на неговиот напис на Твитер.
Кабинетот на Пендаровски и тој лично не објаснуваат зошто во писмото се избегнува дури и придавката “македонски” иако таа не е забранета со ниту еден договор.
Дел од жестоките коментари на профилот на Пендаровски на Твитер:
По повод почетокот на Новата црковна година, упатив писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх изразувајќи срдечни желби. pic.twitter.com/itRaU2qA5K
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) September 20, 2020






