Тешко прашање за градоначалникот: До кога ќе толерирате беззаконие?

Сопствениците на најатрактивниот камп во Македонија со прашање до Општина Охрид и Константин Георгиески: Градоначалник на Општина Охрид до кога ќе толерирате дејствија во таканаречениот автокамп „Градиште“ кои се надвор од сите одобрени проекти и законски прописи?



“Апелиравте сопствениците сами да ги отстранат сите доградби и надградби на камп-приколките, но на дело гледаме дека не само што не се отстранети туку истите постојано се доградуваат”, пишуваат сопствениците на кампот чиј имот е узурпиран со децении и потсетуваат на правната состојба.

‼️ ‼️ ‼️ ПОТСЕТУВАЊЕ ‼️ ‼️ ‼️
Општина Охрид донесе Решение за отстранување на времените објекти, во автокампот „Градиште“ откога при спроведениот вонреден инспекциски надзор на 15 автокамп приколки, затекнати беа бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Исто така затекнати беа недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти, а на одредени локации и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија.

“Општина Охрид не продолжи со спроведување на инспекциски контроли и не ги отстрани нелегалните објекти во Градиште на крајбрежјето на Охридското Езеро !!! Следува одговорност за непостапување”, се вели во реакцијата на луѓето кои не может да го владеат својот имот а револтот освен со протести го изразуваат и со следниве хаштази.

#гласзаспаснаохрид #glaszaspasnaohrid #градиште #автокампградиште #градиштеохрид #gradiste #avtokampgradiste #стопзакорупција #стопзакриминал #стопзаурбанамафија #узурпатор #stopzakorupcija #stopzakriminal #stopzaurbanamafija #uzurpator #pravdazagradiste #правдазаградиште

Пред десетина дена во контра протест организиран од узурпсторите на кампот беше потешко потврдена една од сопственичките на имотот на Градиште

Контрапротестанти и скршиле рака на сопственичка на узурпиран имот во Градиште (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Целата реакција овде

https://m.facebook.com/permalink.php?story_fbid=179198930934843&id=101327428721994&d=m