Тешки моменти за музичарот, “Северна” од Крушево му донесе апели за бојкот

По платениот настап на прославата на Илинден каде на покана на властите на СДСМ и ДУИ одржа концерт и честиташе празник на Северна музичарот Влатко Стефановски се соочува со многу критики и гнев во јавноста.



Најнов проблем за него е големиот број на луѓе на социјалните мрежи кои лобираат за бојкот неговите концерти, конкретно за неговиот утрешен концерт на Античкиот театар во рамки на Охридско лето.

Со само еден настап на кој по покана од владата на Заев ја промовираше Северна, Стефановски загуби огромен дел од својата вена публика која ја гради со децении и стана омразен за противниците на новото име.

Дел од повиците за бојкот на концертите на гитаристот.

Стефановски за својот настап во Крушево доби и карикатура.