Тешки клетви и навреди на спонзориран пост на СДСМ од јавна трибина (ВИДЕО)

Речиси сите коментари на спонзориран пост на СДСМ за трибина за машко здравје се негативни а партијата која се соочува со сериозни предизвици веќе не ги ни брише.



,,СДСМ продолжува и понатаму со трибините од едукативен карактер за нашите граѓани. Овој пат граѓаните од Гевгелија добија совети за заштита и на машкото и на женското здравје од врвни доктори и експерти. Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај граѓаните и за навремени прегледи и превенција кои се од голема важност за нашето здравје. Нашето здравје е нашето богатство. Не чекај, превенирај”, објави СДСМ со видео на кое следуваат 67 коментари кои содржат низа лоши коментари од граѓани но и тешки навреди и клетви за партијата кои од разбирливи причини не ви ги пренесуваме.

Она што е интересно во постот е што СДСМ веќе не ги ни брише негативните коментари:

Цел мандат го потрошивте на на претстави како пиар компанија а не одговорна влада од која народот очекува подобрување на животот.

Збирштина на одродени бедни души!

Дааа…видена е вашата грижа за здравјето!
Засрамете се, уште и трибини за здравје ми глумите!!!

На урологија за преглед се чека од 09 до 13,оо часот не дрндајте туку работете

Одете во Кратовско кај девојчето што не може да купи смоки видете како живеат доста со приказни гледаме како се грижите за народот со 78 посто само за вас никој да не излегува на избори сите се исти донесете закон за потекло на имот да видиме како со 0 години стаж голтари а сега милионери да видиме како се збогатиле

Пасокизација за вас… никогаш повеќе ова зло

Луѓе зарем уште верувате во овие
л…… Па несеќавате на нивната (не) грижа за болните од ковид. Вратени пари уплатени по дупла цена за вакцини, нема терапија за болни од дијабетис, цистична, онкологија, памперс и што уште не? Луѓе верувам дека ја сакате СДСМ и воопшто не Ви замерувам.
Ама да верувате во ОВАА ВРХУШКА од Вардарски, мисири, мисирки, е тоа не ми е јасно.

Целиот пост со коментарите на линкот

https://fb.watch/osApXDQQqp/?mibextid=Nif5oz