„Терористите“ од „За заедничка Македонија“ овековечени кај Дурловски

Игор Дурловски на својот профил на Фејсбук објави уметничка слика со четворицата водачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.



Покрај оперскиот пејач, на неа се и режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и колумнистот Богдан Илиевски.

„За македонцките работи“, напиша Дурловски во својата објава на социјалната мрежа.

Сите четворица беа обвинети и притворени за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста во државата за настаните од 27 април 2017 година, откако три месеца ги предводеа секојдневните протести против Тиранската платформа.