Германска туристка е убиена, а две други лица се повредениоткако ги нападнал маж во близина на Ајфеловата кула во центарот на Париз, кој за време на нападот извикувал „Алаху Акбар“.



Нападот бил извршен синоќа, кога дваесет и шестгодишен маж, државјанин на Франција, со нож нападнал брачен пар туристи на неколку стотини метри од Ајфеловата кула, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Напаѓачот бил бркан од полицијата, а со чекан нападнал уште две лица пред да биде уапсен од полицијата која кориостела пиштол за шок.

По апсењето, на полицијата и рекол дека е вознемирен поради страдањата на муслиманите во Авганистан и на палестинските територии, како и за ситуацијата во Газа.

Во 2016 година, осомничениот бил осуден на четири години затвор за планирање на напад и беше на списокот на лица под надзор на француските безбедносни служби.