Тереза Меј заминува од Даунинг Стрит 10

Британската премиерка Тереза Меј заминува од својата позиција шеф на владата и претседател на Конзервативната партија на 7 јуни, најави пред малку самата на прес конференција на Даунинг стрит 10.



Со тоа Меј која го замени Дејвид Камерон по неговата оставка го поплочува патот за натпревар за идниот премиер на Британија, објави пред малку Би Би Си.

Главна причина за нејзината оставка е неуспехот да се справи со Брегзит.

Конзервативците деновиве имаат рекордно низок рејтинг.