Првоосомничениот за упадот во М-НАВ, Беким Незири се спаси од притвор, и сега од слобода тера партиски активности. Вечерва во први редови заедно со Бујар Османи и Артан Груби, Незири учествувал во изборот на нови партиски тела во Чаир. За тоа објави и фотографии на ФБ.

„Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаири, Ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаири да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од се срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде Демократската унија за интеграција со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!“, напиша Незири.

https://www.facebook.com/share/XerwbjfLkHnSNssw/?mibextid=WC7FNe

Незири е осомничен за упадот во македонската навигација:





