Сѐ поголемиот број на видео снимки на социјалните мрежи јасно ги откриваат размерите на протестите и на насилството на улиците во повеќе градови ширум Соединетите Американски Држави.



На видео од Балтимор може да се види како една жена два пати со тупаница удри полицаец. Додека нападнатиот полицаец не реагираше, неговиот црномурест колега одлучи да ја совлада жената удирајќи ја со тупаница, по што таа се сруши на земјата.

„Полицаецот кој ја удри жената повеќе не е на работа, го сменивме. Неговиот колега кој два пати беше удрен покажа неверојатна воздржаност, иако беше нападнат“, изјави Бернард Јанг, градоначалник на Балтимор кој порача дека жената требало да биде приведена, а не удрена.

Исто така, жената се наоѓа во притвор и ќе биде обвинета за напад на службено лице.

Извор: Точка