Тепачка во Прилеп – еден од учесниците убиен

Полициски службеник пукал двапати во воздух за да спречи да продолжи тепачка во Прилеп помеѓу две групи во која беше убиено едно лице.



Според МВР, синоќа во 20.38 часот во полиција било пријавено дека во населба Тризла во Прилеп настанала тепачка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи.

Со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп.

Во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.