На денешната седница на бугарското Народното собрание избила тепачка по декларација на партијата „Преродба“ на контроверзниот Костадин Костадинов.
Како што објави бугарската БНТ1, пратениците од редовите на оваа партија побарале од „Продолжуваме на промените“ на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков да го напушти парламентот бидејќи, како што велат, „покажале како државата била преземена од странските амбасади“.
Пратениците од ПП на ова возвратиле дека Преродба е проруска партија. По тоа почнала размена на реплики и навреди, која прераснала во турканици и тепачка, а микрофоните во салата биле исклучени бидејќи била дадена пауза, пренесуваат бугарските медиуми.
Пленарната седница билка прекината.
Видео на следнииот ЛИНК






