Тепачка пред очите на децата на базен во Штип

Локалната Телевизија Стар вчера објави снимка од тепачка што се случила на Градскиот базен во Штип, кој е во состав на новоизградениот аква- парк отворен во јуни пред две години.



На снимката може да се види како мажи, жени и млади си разменуваат тупаници, клоци, а потоа со тупаници и удари со нозе силата ја мерат и три жени, односно две жени тепаат една која е легната на земја. Повозрасен маж брка и удира поситно момче..

Тепачката се случувала пред очите децата кои зачудено ги гледаат возрасните како дивјачки се пресметуваат и се кубат за коси, а никаде нема редарска служба да интервенира. 

Тепачката наиде на осуда од граѓаните, кои ја оценија како пример на краенпримитивизам и срам. Многумина прашуваат како може да функционира базен без никакво обезбедување, со оглед дека тепањето трае подолго време без некој да интервенира.

https://www.facebook.com/people/Tv-Star-%D0%A2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80/100071873975887/?ref=embed_video