Теодоракис сакал од овој свет да замине како комунист

Сакам овој свет да го напуштам како комунист, му напишал, меѓу другото, Микис Теодоракис на Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) Димитрис Куцубас во писмото од 5 октомври 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.



Од Комунистичката партија, денеска, по смртта на Теодоракис, го објавија писмото во кое тој вели дека најкритичните, најсилните и најзрелите години ги поминав под знамето на ККЕ.

„Затоа, сакам, овој свет да го напуштам како комунист. Би сакал да те замолам, во тој момент, ти лично да преземеш не само да биде испочитувана мојата идеологија, туку и моите борби за единство на Грците“, му напишал Теодоракис на Куцубас на 5 октомври минатата година.

Грчкиот композитор Микис Теодоракис почина утрово од срцев удар на 96-годишна возраст, а со одлука на Владата, од денеска во Грција е прогласена тридневна национална жалост. МИА