Тензии околу Украина: Британија испраќа 2 воени брода во Црно Море

Велика Британија ќе испрати два брода од Кралската морнарица vо Црното Море во услови на зголемени тензии на источните граници на Украина , објави „Сандеј тајмс“ повикувајќи се на високи поморски извори.



Станува збор за разорувач и противподморничка фрегата тип 23.

Двата брода се дел од оперативна и тактичка група во Медитеранот.

Двата брода ќе влезат во Босфор во мај.