Грчки медиуми известуваат дека се поголем број мигранти „притискаат“ на источната граница на Грција со Турција, откако Анкара одлучи да не ги спречува бегалците – воглавно од Сирија, да продолжат кон земјите на ЕУ.
Во текот на ноќта продолжи тензијата, при што некои мигранти фрлаа камења кон грчката полиција, а вторите одговорија со солзавец и зашеметени гранати, пишува Катимерини.
Утрово грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свикал вонреден состанок за бегалците кои се влезени во меѓуграничната зонамеѓу Турција и Грција, дознава Еxpres.мк.
На состанокот, се поканети да учествуваат министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи, како и шефот на ГШ на грчката армија.
Вчера за ова Мицотакис телефонски разговарал со Меркел, Макрон и Бојко Борисов.





