„Тенко“ до бројот од 121 пратеници за состав на нова бугарска влада

На бугарската партија Продолжуваме со промените, на премиерот во оставка Кирил Петков и новиот мандатар Асен Василев, им фалат уште неколку пратеници за да формираат ново мнозинство во Народното собрание во Бугарија, што би им овозможило да формираат нова влада.



Борисов: масовно купување пратеници

За мнозинство во 240-члениот парламент им се потребни 121 пратеник, а дека недстигаат уште неколкумина утрово за бугарските медиуми изјави премиерот во оставка.

„121? Ќе видиме. Неколку луѓе треба да одлучат кому ќе им бидат лојални на партијата и нивниот лидер кој, според мене, не го исполни ветувањето кон народот и кон сите нас, да има одговорност кон Бугарија/ Секој од нив е одговорен за својата одлуката“, рече Петков.