Македонската тениска надеж Калин Ивановски стана една од топ-темите во белиот спорт со волшебниот потег потег на меч-топка на јуниорскиот Вимблдон, кога отсервира во стилот на Ник Кирјос, а шокираниот противник не ни тргна да ретернира.



Дејвис куп репрезентативецот на Македонија го „збриша“ 11. носител Родриго Пачеко Мендез од Мексико со 6-1, 6-2 и се пласира во осминафиналето, каде што за противник ќе го има осмиот носител Едас Бутвилас од Литванија.

На стартот 18-годишниот Ивановски славеше во три сета со 3-6, 6-4, 6-2 против домашниот натпреварувач Лука Пау.

Снимката од неочекуваниот удар на скопјанецот ја сподели и официјалниот Твитер-налог на Вимблдон со прашањето „сте виделе ли некогаш ваков меч-поен“: