Денеска се очекуваат слаби врнежи од снег, а во текот на денот ќе биде сончево и студено. Долж Вардар ќе дува просечен ветер засилен од северозападен правец (над 70 км/ч).
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -10 степени.
По Шапка, следат Маврови Анови со -7 степени, Крушево со -6 степени, Охрид -4, Претор, Берово и Прилеп со -3 степени, Крива Паланка и Дебар со -2, и Битола и Виница со -1 Битола.
Нешто потопло било во Дојран Тетово, Струмица, Велес, Кавадарци и Штип каде се измерени 0 степени, а 1 степен било во Скопје-Петровец, 3 во Демир Капија, и 4 степени во Гевгелија.
„Во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот“, се вели во соопштението на УХМР.






