Теменугов до Маричиќ и Османи: Зошто не лажеа дека името е последна пречка за ЕУ

Новинарот Горан Теменугов упатува незгодни прашања до вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи поврзани со лагите дека со Преспанскиот договор завршуваат сите барања кон Македонија на патот кон ЕУ.



Теменугов кој сега е новинар на порталот pari.com.mk бара Османи и Маричиќ да кажат зошто додека се тие во владата е сменета позицијата на ЕУ за името како последен услов за влез во унијата.

,,Маричиќ и Османи наместо да повикуваат дека е време за носење на одлуки и смешно да уценуваат како до предвремени избори, да објаснат каде се изгуби ставот на ЕУ дека ако го смениме името ќе се отстрани последната политичка пречка за влез во Унијата.

Патем, и тогаш и сега на власт се СДСМ и ДУИ, па треба да одговорат дали тогаш знаеа дека не лажат или и сега не се свесни дека ќе има нови услови од Бугарија која за се и сешто ќе не блокира додека не не докрши како народ и држава”, пишува Теменугов.

Новинарот поставува уште едно интересно прашање кое упатува на лична одговорност на Османи и Маричиќ.

Теменугов бара двајцата да објаснат како Чешка го смени ставот и застана зад Бугарија.

Предходно Чешка беше на страна на Македонија и од Бугарија меѓу другото бараше да не ги крадат Светите Кирил и Методиј.