Турската полиција се сомнева дека можеби била користена киселина, за да се уништи телото на исчезнатиот саудиски новинар Џамал ​​Кашоги, со цел да се скрие неговото убиство во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, пишува „Хуриет дејли њуз“.



Според порталот „ХаберТурк“ полицијата и турската разузнавачка служба МИТ сериозно ги испитуваат овие соменавања, како и тврдењата дека во конзулатот во Истанбул веќе се ослободиле од телото, изјавил Туран Кишлакчи, претседател на Турско-арапската медиумска асоцијација и пријател на саудискиот новинар.

„Полицијата и МИТ сериозно ја сфаќаат оваа изјава. Тие испитуваат дали телото на Кашоги е растворено во киселина“, пишува Хабертурк.

Се очекуваше Турција и Саудиска Арабија да извршат заедничка „инспекција“ во Саудискиот конзулат во Истанбул.

Камерите за надѕор покажуваат дека новинарот Џемал Кашоги, влегол во Конзулат во Истанбул на 2 октомври, по што исчезнал.

Kашоги, новинар, кој работеше за “Вашингтон пост” и критичар на Ријад, се води за исчезнат, откако на 2 октомври влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за да добие некои документи.

Турските власти стравуваат дека тој бил убиен од страна на тајните служби на Саудиска Арабија, додека Ријад го негирал тоа, потсетува БГНЕС.

Докази за крваво убиство на новинар во саудискиот конзулат во Истанбул (ВИДЕО)