Телото на Алексеј Навални исчезна од мртовечницата каде што официјално се чуваше, соопшти неговиот тим додека неговата мајка утринава пристигнала во казнена колонија ИК-3, Јавува Дејли мејл.
Адвокатот на Навални, кој пристигна во градот Салехард со мајката на Навални во саботата, повикал број за мртовечница и му било кажано дека „телото на Алексеј не е во мртовечница“, соопшти тимот на Телеграм.
Портпаролот на Алексеј Навални утрово потврди дека рускиот опозициски лидер починал и рече дека неговото тело е кај истражителите.
Кира Џармиш, портпаролка на рускиот активист, рече дека мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој лежеше затвор, но таа била затворена.
Во објава на платформата X, порано Твитер, Џармиш рече дека и двајцата биле „уверени“ дека неговото тело е таму кај казнената колонија.
Адвокатот се јави на телефонскиот број на вратата. Му рекоа дека е седмиот што се јавил денеска. Телото на Алексеј не е во мртовечница – рече таа.
Вчера (16 февруари) Федералниот оддел за поправни служби на автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални (47) во казнената колонија каде што ја издржуваше казната.
Според ова одделение, Навални по прошетката се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.





