Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за Телма потврди дека го добил заклучокот на владата даден во форма на мислење со кој меѓу другото се предлага во новиот ДУП да ги нема спомениците за Мајка Тереза и Порта Македонија.
„Со мислењето дадено до Општина Центар, Владата не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата кои се дадени и од Комисијата. Конкретно објектот Порта Македонија не попречува пешачки ниту моторен сообраќај, низ уличната мрежа скојдневно минуваат пешаци и возила, односно дозволена е непречена комуникација
Општината Центар ќе чека Министерството за култура да се произнесе кои да бидат следните чекори бидејки министерството е инвеститор и тоа може да се откаже од спомениците, објаснува Богдановиќ за Телма.





