МВР соопшти дека го испитуваат случајот со функционерите на ДУИ кои без маски седеа во канцеларија во новото Министерство за политички систем и прославуваа со торта роденден на Али Ахмети, лидерот на ДУИ.
МВР во истрагата ќе мора да почне и од главната зграда на Министерството бидејќи без маска на лице, но и не му се гледа дека му е во рацете, е заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, пишува Телма.





