Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврдија извори од МВР за Телма.
По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната откако таа во четвртокот наутро излегла од дома кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир, меѓутоа по часовите не се вратила дома.
Информацијата дека се пронајдени ја потврдија и од МВР: „Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул. „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, по деноноќна потрага, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12)“,велат од МВР.
На повозрасното девојче, 15 годишната Мелиса, не и е првпат да исчезне. Како што се наведува во билтенот на МВР, таа повеќепати досега се оддалечувала од домот и била враќана назад.
По двете девојчиња се трагаше од четвртокот вечерта кога во полициска станица беше пријавено дека се оддалечиле во непознат прават.







