Уште пред да седнат во училишните клупи, дојави за бомби утрово ги пречекаа учениците во скопската гимназија Јосип Броз Тито, дознава Телма. .
Средношколците дознале за дојавата уште додека се возеле во автобус накај училиштето
Според информации од родители дојави има речиси во сите училишта.
Вчера дојави за бомби имаше во дури 120 училишта за кои е утврдено дека биле лажни, но со оглед на масовноста за проверки беше потребно долго време.





