Телма: Јанакиески излезе од притвор, но му се заканува нов

Од обвинителството за организиран криминал и корупција за „Телма“ потврдија дека по добивањето на решението дека на екс-министерот за транспорт и врски му е укинат притворот за предметот ТНТ, ќе бараат нов притвор за случајот организатори на упоадот во Собрание од 27 април.



Обвинителката Вилма Русковска во телефонски разговор вели дека не се известени за одлуката на Апелација но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство.

Според Русковска, поднесена е и жалбата на пресудата за настаните од 27-ми април во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески кој во овој случај е осуден на 6 години и 3 месеци затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок.