Телма: Интерпелацијата стигна во Кабинетот на спикерот Џафери

Интерпелацијата за спикерот Талат Џафери пристигна во кабинетот на Претседателот на Собранието, јавува Телма.



Тој може да почне да го подготвува писмениот одговор, за што има 15 дена , по што интерпелацијата треба да се најде на првата собраниска седница.

Сепак Деловникот не прецизира во колкав рок од поднесувањето на интерпелацијата, таа ќе биде расправана и гласана на пленарна седница.

ВМРО ДПМНЕ оценува дека Џафери работи неделовнички и нестручно, самиот отфрла опозициски амандмани, ограничува право на говор, ги навредува собраниските служби, а кулминација гледа во заклучените врати на собраниската сала минатата недела.

Не се очекува интерпелацијата да добие мнозинска поддршка. Владеачките СДСМ и ДУИ сметаат дека се работи за еден од подобрите претседатели на Собранието, а БЕСА и Алијанса  сосема спротивно.