Телма: Игор Ивановски – Шема добива партиска функција во СДСМ

Игор Ивановски – Шема ќе биде промовиран како предводник на новиот Совет за креирање и имплементација на политики во СДСМ, дознава Телма.



Поранешниот висок функционер на партијата е универзитетски професор на скопскиот Економски факултет со неколку мандати како пратени претходно, а беше и дел од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Ивановски треба да ја добие оваа функција утре на Централниот одбор на СДСМ кој ќе го предводи новиот претседател Димитар Ковачевски.