Никој не го познавал ниту видел Олександр Онишченко кој според македонскиот пасош „живеел“ во куќа на улица во скопско Пржино.
Но, адресата во ова жолта куќа веќе му е заведена во избирачкиот список и на наредните избори, Онишченко може и да гласа на избирачко место во општина Кисела Вода, дознава Телма.
Институциите кои дадоа позитивна оценка за доделувањето државјанство на олигархот и поранешен украински политичар Олександар Онишченко молчат, јавува Алсат.
На упатените прашања до Агенцијата за национална безбедност, преку која одат сите барања за државјанство, не појаснуваат како лице кое било на листата непожелни личности за САД поради неговото влијание на претседателските избори, успеал да ги помине филтрите на АНБ и да добие позитивна оценка како личност со чиста биографија и достојна за македонско државјанство.
За да стане македонски државјанин, Онишченко требало да има меѓународни спортски успеси во годината пред да го добие државјанството.
Од Агенцијата за млади и спорт која дала позитивно мислење за Онишченко врз основа на посебниот национален интерес за спортот, односно да ја претставува државава во коњички спортови исто така нема одговор, пишува Алсат М.
Онишченко, бил вмешан во изманипулирани и монтирани разговори кои биле дел од дезинформациската војна која што руски приврзаници ја воделе во корист на Доналд Трамп. Онишченко поради ваквите монтажи бил на црната листа поради попречеување на демократијата, а две години подоцна Владата во Скопје му доделува еквестријан државјанство.
Во Македонија пак стигнал како јавач, талент во години кој Македонија требало да ја претставува на наредната Олимпијада, пишува Телма.







