Одлуките на Србија и на Црна Гора во овие земји да се влегува со обавезен ПЦР тест ги пополнија термините за тестирање за Ковид-19 се до средината на идната недела, објави Телма.
Најблиски термини за кои може да се закаже тестирање се 21, 22 и 26 август, јавува телевизијата повикувајќи се на информации од болници и една лабораторија кои приватно вршат тестирања.
Цените се движат од 3.000 до 4.000 денари за редовно термин но во една од болниците нудат и побрзи услуги 6.000 денари за резултат во истиот ден и 12 илјади за итен ПЦР тест со резултати во рок од 2 часа.





