„Телеграф“: Околу 50 илјади ЛГБТ војници војуваат за Украина

Околу 50.000 ЛГБТ војници служат во украинските вооружени сили, пишува британски „Телеграф“, повикувајќи се на податоци од налогот LGBT Military на Инстаграм, кој објавува фотографии од геј и од лезбејски војници.



Првите отворено хомосексуални војници се надеваат дека Украина ќе се промени и ќе го препознае воениот придонес на своите ЛГБТ војници.

Тие сметаат дека отфрлањето на „традиционално руските вредности“ треба да помогне во тоа. Истовремено повикуваат за легализација на истополовите врски за да можат да добиваат информации за партнерот кој загинал во војната, да донесуваат медицински одлуки или да донесуваат одлуки во врска со погребните аранжмани.

Сегашните украински закони значат дека партнерите на завојуваните геј војници „седат сами дома, само чекаат, знаејќи дека нивниот партнер е во баталјон во Донбас. Тоа е ужасно. Толку е страшно“, пишува британскиот весник.

„Признавањето на оваа врска е„поважно од кога било“, вели војникот Борис Грачов. „Ние се бориме за слобода, за демократски вредности, за европски вредности“.

Нема точни податоци колку ЛГБТ војници служат во вооружените сили на Украина, но LGBT Military тврди дека оваа бројка е околу 50.000.