Тел Авив беше прогласен за најскап за 2021, според Economist Intelligence Unit.
Второто место го делат Париз и Сингапур, а следуваат Цирих, Хонгконг и Њујорк, пишува БизнисИнсајдер. В
о анализата земени е цените на повеќе од 200 стоки и услуги во 173 земји.
Поместување од петтото на прво место делумно се должи на јачината на израелската валута шекел во однос на доларот.
„Порастот на градот главно ја одразува зголемената валута, поттикната во однос на доларот со успешното пуштање во употреба на вакцината против ковид-19 во Израел“, се вели во извештајот.
Шекелот пораснал и затоа што земјата била атрактивна за странските технолошки инвеститори, објави EIU. Тел Авив стана своевидна Силиконска долина на Израел. Ова ги зголеми и цените на недвижностите во Тел Авив иако тие не се сметаат за дел од индексот на EUI.







