Текстилните работници и во тоалет одат со дозвола од газдата


Работничките во текстилните фабрики чекаат пауза за да отидат до тоалет, а на газдите им пречи што се должни да им ги плаќаат паузите од половина час.



„Верувајте дека во некои фабрики има рајбери на вратите однадвор. И само се отвараат за време на пауза.

Тоа мене толку ме провоцира што јас се чувствувам како да сум во некој затвор. Ти ја ограничува физиолошката потреба,“ раскажува за Телма текстилна работничка зад чие сведоштво стоиздружението „Гласен текстилец“ од каде што велат дека таа е само една од многуте текстилни работнички со слична судбина..

Работничките најчесто остануваат во погон и повеќе од осум часа, но тоа не го чувствуваат на платата. 

Во Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнале 1.500 претставки годинава за повредени права на текстилните работнички, а исход има само по една од нив.

Од Државниот инспекторат за труд тврдат дека редовно вршат инспекции. Но, на официјалниот вебсајт на инспекторатот последни извештаи со прецизни бројки се од април минатата година. Сепак, знаат и ти кои од работниците имаат најголем проблем.

Наспроти ваквата скандалозна ситуација, газдите на конфекции побараа работното време на работничките да се зголеми на осум ипол часа и да се скрати листата на празници, за да бидат поконкурентни на пазарот.