Шефот на локалната полиција во градот Галвстон во Тексас се извини за срамното апсење на Афроамертиканец кој со коњи низ град го воделе  уапсениот  40 годишник.



Апењето во саботата,предизвика реакции на социјалните мрежи и револт во јавноста а многумина, особено од афроамериканската заедница, коментираа дека сцената потсетува на периодот на ропството од  19 век.

Објаснувањето на полицијата е дека полициските службеници немале патролен автомобил па врзале јаже на  лисиците на рацете  на притворениот и така го привеле до полициската станица.

Уапсениот човек  беше ослободен со кауција.