Седум лица загинаа во американската сојузна држава Тексас откако автомобил влета во група луѓе на автобуска постојка во близина на прифатилиште за бездомници и мигранти, јави Фокс.њуз



Инцидентот се случил во градот Браунсвил, во близина на границата со Мексико.

Масакр во Тексас: 8 убиени и 7 ранети

Најмалку 11 лица се повредени, од кои некои потешко.

Во некои извештаи на американските медиуми, полицијата беше цитирана дека се чини дека се работи за намерен напад.

Повеќето од жртвите биле мажи од Венецуела.

Според претставници на американската гранична патрола, градот Браунсвил неодамна забележа нагло зголемување на бројот на илегални пристигнувања на имигранти.

Во текот на изминатите два месеци, во прифатниоит центар центарот Озанам, засолниште за ноќевање кое може да прими до 250 луѓе, примаше и до 380 луѓе дневно.

Минатиот месец, претставниците на Браунсвил прогласија вонредна состојба, следејќи ги другите гранични градови во Тексас што го сторија истото.