Избран техничкиот заменик министер во МВР од СДСМ

Митко Бојмацалиев, кој е актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, е избран за кандидат за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, Славица Грковска е кандидатка за заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, а за вицепремиери за економски и европски прашања кандидати се Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ, соопшти СДСМ.



Ова е одлуката на телата на СДСМ за членови на техничката влада во која остануваат сите други актуелни министри од оваа партија.