Техничкиот министер во МВР има решение за пасошите и возачките дозволи, од СДСМ и ДУИ зависи дали кризата ќе се реши веднаш

Техничкиот министер во МВР Панче Тошковски има решение за пасошите и возачките дозволи.



Според тоа што го кажа за Канал 5 со оглед на тоа што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за решението сега од СДСМ и ДУИ зависи дали кризата ќе се реши веднаш.

Тошковски вели дека решението е брзи измени на два закона, за лични документи и за безбедност во сообраќајот и дека тоа може да се направи тоа за еден ден , само ако има политичка волја.

Тошковски за канал 5 вели дека граѓаните може да ја тужат државата и да земат милиони и дека веќе има правосилни пресуди.

Граѓаните може да ја тужат државата, поради прекршување на нивните основни човекови права на движење. Таква пресуда од Стразбур веќе има , Мемедов и други. Ќе плаќаме баснословни суми , рече вечерва министерот за внатрешни Панче Тошковски.

,,Сакам да им се извинам на граѓаните за се што е предизвикано и за тоа што ќе следи, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада”, Панче Тошковски киј ги замоли граѓените со пасоши со старото име да не се упатуваат кон граница.

Во врска со возачките исправи со старото име, министерот рече дека не важат ниту во земјава ниту во странство.

Тошковски информира дека со лична карта со старото име ќе може да се излезе кон Србија, Албанија и Косово, но не може да гарантира дека пограничните власти во тие земји ќе ги пропуштат граѓаните.

Целиот разговор со Ташковски на Канал 5

https://kanal5.com.mk/toshkovski-reshenieto-e-izmeni-na-dva-zakona-za-lichni-dokumenti-i-za-bezbednost-vo-soobrakjajot/a625412