Техничкиот министер Тошковски покрај МВР го ,,презема” и ресорот МНР на Османи

Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски покрај ресорот МВР ,,презема” и активности кои се дел од ресорот МНР на Османи кој досега немаше никаква јавна меѓународна комуникација за проблемот со пасошите.



Покрај преземените мерки за решавање на проблемот со личните и патните документи во рамки на МВР и домашните институции Тошковски почна меѓународна активност за решавање на проблемот кој ги мачи десетици илјади граѓани.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на таа тема денеска остварил средба со амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду.

,,Министерот Тошковски пред грчката амбасадорка го презентирал наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложил мерки за негово решавање”, велат од МВР.

Проблемот со пасошите на Тошковски му остана во наследство од претходникот Оливер Спасовски кој иако цели пет години знаел дека рокот за смена на пасошите со северна е февруари годинава, не презел соодветни мерки за надминување на состојбите.

Предходно екс премиерот Ковачевски, министерот Османи и претседателот Пендаровски се натегаа кој да се јави во Атина за да се најде решение за пасошите но на крајот единствен што направи напор за решение е техничкиот министер Тошковски.

Како што информираат од МВР, на средбата со грчката амбасадорка биле потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.