„Идејата привремена бугарска влада да остане редовна е егзотична“, го оцени привремениот премиер Стефан Јанев предлогот на една партија сегашната техничка влада да стане и регуларна со оглед на тоа дека шесте политички партии кои влего во 46-от состав на бугарскотоНародно собрание тешко ќе дојдат до комшромис за нова влада.
Победник на изборите е партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, кој синоќа го повлече предлогот за состав на нова влада.
Победничката партија доби 65 пратеници од 240 во идниот парлемент и побара поддршка за малцинска влда, што, се чини, тешко ќе помине откако три опозициони антисистемски партии му сврте грб, а поддршка нема ни од ГЕРБ на екс премиерот Борисов која освои 63 (два помалку пратеника) од „Има таков народ“.
„Како многу далечна и скоро невозможна хипотеза, тој ја дефинираше идејата да остане како редовен премиер. Нема таков предлог, затоа нема што да се разговара и коментира“ вели актуелниот технички премиер, Стефан Јанев.
Македонија очекува состав на политичка влада во угарија што е неопходно за давање „виза“ за започување преговори со ЕУ.






