Иранските власти ги отфрлија шпекулациите дека по грешка го собориле украинскиот авион кој вчера падна кусо време по полетувањето од аеродромнот „Имам Хусеини“ во близина на Техеран.
Шефот на иранската Организација за цивилна авијација, Али Абеџадех, ги демантираше нелогичните шпекулации дека украинскиот патнички авион е соборен со ракета.
„Од научно гледиште, не е можно ракета да го погодила авионот, па затоа таквите шпекулации се неточни“, рекол Абеџадех, пренесува „Ројтерс“.
Министерството за транспорт соопшти дека во исто време летале неколку домашни и меѓународни авиони во иранскиот воздушен простор на иста надморска височина од 8,000 стапки (2.440 метри).




