Неизвесно е дали ТЕ-ТО и оваа зима ќе има капацитет да ги олесни проблемите со парното и струјата.
Од компанијата не гарантираат дека ќе може да испорачаат 70 проценти од потребната топлинска енергија за граѓаните кои се на парно, колку што очекува Регуалторната комисија, за да нема сериозни проблеми со цената на греењето. Од таму за Телма велат дека производството на топлина на ТЕ-ТО, ќе зависи прво од тоа дали ќе има гас на пазарот, нешто за што нема гаранции, но и каква ќе биде неговата цена.
„Во моментов цената на топлината предвидена од РКЕ за компанијата дистрибутер на топлинска енергија е околу 60 eur/ MWh при цена на природниот гас од 200 eur/ mwh на берзите, односно предвидената цена на топлината е 3 пати пониска од моменталната цена на природниот гас на берзите за претстојната грејна сезона. Ваква цена на топлината при моменталните берзански цени на гасот, ТЕ-ТО не може да постигне. ТЕ-ТО ќе понуди цени за своите продукти согласно движењата на цените на берзите на природен гас и електрична енергија и трошоците на работењето на компанијата. ТЕ-ТО е независен производител на струја и на топлина, чија цена не ја одредува РКЕ, туку отворениот пазар, а целта на ТЕ-ТО како и на секој субјект на отворен пазар е да оставри максимално производство и позитивни финансиски резултати“ – велат од ТЕ-ТО за Телма.
Од ТЕ-ТО нема гаранција ниту дали ќе можат да ја произведат и потребната електрична енергија.
Ликвидноста на компанијата била сериозно нарушена, затоа што на почетокот на годинава, за време на претходната кризна состојба, по барање на Владата, од Тето се согласија својата струја, но и топлинска енергија да ги продаваат по многу пониска цена од оние на берзите, по кои ТЕ-ТО всушност работи и со тоа на централата и се нанесени сериозни штети.
Целиот текст на следниот линк:
https://telma.com.mk/2022/07/31/te-to-ne-garantira-deka-kje-obezbedi-dovolno-toplina-za-gragjanite-koi-se-great-na-parno/





