Тажно низ Центарот на Скопје – Угостителските објекти ја почитуваат препорака од Општината за прилагодување на музиката

Угостителските и јавните објекти на територијата на Општина Центар ја почитуваат препорака од градоначалникот Горан Герасимовски за во следните два дена да ја прилагодат музиката, поради трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Граѓаните се уште се во шок и не можат да се опорават од чинот, на безмилосното убиството на 14 годишното девојче.



На службениот влез на училиштето денеска немаше граѓани кои до доцна синоќа и оддадоа последна почит на 14 годишната Вања Ѓорчевска, објави Алфа. Граѓаните кои доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања, денеска мора да влезат внатре, во холот на школото.

И додека цела Македонија тагува по Вања, од Владата не прогласија ден на жалост поради прерано згаснатиот живот на младото девојче. Ама затоа Општина Центар, излезе со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката поради трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Во меѓу време, граѓаните се уште се во шок и не можат да се опорават од чинот, на безмилосното убиството на 14 годишното девојче. Вања исчезна на 27-ми ноември. Исчезнувањето го пријави нејзината мајка, по што целата јавност се крена на нозе. За нејзиното исчезнување беа алармирани и соседните земји, а Вања се бараше со меѓународна потерница. Смртта на младата Вања беше една од главните вести во регионалните медиуми.