Тажно – Еден настан, две министерки, три лајка

Министерките Рената Дескоска и Мила Царовска се пофалија дека денеска се сретнале со граѓани на Штип.



“Имавме успешна трибина со граѓаните од #Штип. Министерките @mila_carovska и @RenataDeskoska ги истакнаа проектите и мерките преку кои Владата гради фер општество и се дава шанса на сите”, објави владата на Твитер со хаштагот #ШансаЗаСите.

На постот на Владата за настанот на кој беа две влијателни министерки за труд и правда за два часа имаше само 3 и со зборови три лајка.

На вториот пост за истиот настан немаше ниту еден лајк за истото време.