Таткото на Зоран Заев во одбрана на синот ги нападна Гошев и Героски (ВИДЕО)

По нападот од страна на неговиот син кој го нарече суетен новинар Бранко Героски вчера вербално нападнат и од таткото Панче Заев.



Причина е пренесен текст на Героски за критиките на Перо Гошев за мерките на Зоран Заев.

Панче Заев со ништо испровоциран им се нафрла на Героски и Гошев цинично најавувајќи дека ќе ги предложи за советници во идната влада.

Во исто време го обвинува Гошев дека пред 28 години избегал од одговорност кога добил мандат да прави влада.

“Господинот Панче Заев втор пат коментира под мој пост во оваа Фејсбук група. Втор пат неговиот коментар е под нивото на пристојна комуникација меѓу двајца ФБ пријатели, а да не зборувам за нивото што би требало да го покаже таткото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Многу ми е непријатно. На неговиот прв коментар му одговорив колку што е можно повоздржано и покултурно. На вториов коментар, едноставно, ми е срам да одговарам.
Велам, многу ми е непријатно. Никогаш не сум бил во ситуација да полемизирам со татко, мајка или со некој друг член на семејството на наш политичар, кој на овој начин го брани своето семејство.
Верувам дека г-н Панче Заев е човек во години и од почит кон него и кон семејството Заеви, овој пат нема да одговорам на овој коментар. Не можам да ги спречам другите да коментираат, но јас ќе се воздржам. Ќе чекам некој на г-н Панче Заев нешто да му објасни”, пишува Героски кој својот став и анализа за инцидентот го даде и во Емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=522435965328780&id=280284355399866