Таткото на убиената Вања останува во притвор

 Кривичниот суд го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, татко на Убиената Вања, притворот во Истражниот затвор „Скопје“, да му се замени со куќен притвор.



„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор, а адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија.

Но, Основниот кривичен суд, го продолжи притворот на петмина осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.