Молам за лекови за син ми, напиша на социјалните мрежи Гоце Филиповски таткото на прободениот Филип кој по инцидентот во дискотека во с. Мралино пред десетина дена, остана без бубрег и слезина.
„АПЕЛ!!! Молам некој да ми помогне како да ги обезбедам вакцините за MNEUMOKOK i MENINGOKOK. Вакцините се потребни да ги прими мојот син Филип Филиповски, кој беше прободен со нож минатата недела“ напиша таткото Филиповски.
Филип се опоравува, но резултати од истрагата се уште нема.
Таткото реагира дека институциите се уште молчат за крвавиот инцидент.





