Австралискиот премиер беше прашан дали таткото на тенисерот Новак Ѓоковиќ треба да биде депортиран поради поддршка на Путин, објави Ројтерс.
Ентони Албанезе утринава ја повтори силната поддршка на Австралија за Украина и ги критикуваше поддржувачите на руската инвазија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ позира со навивачите носејќи руски знамиња и симболи на Австралија Опен, со буквата „ Z“, што ја претставува руската инвазија на Украина.
Како што јави Ројтерс, полицијата испрашувала четворица навивачи кои „носеле несоодветни знамиња и симболи“ по натпреварот меѓу Русите Андреј Рубљев и Новак Ѓоковиќ.
„Австралискиот народ стои покрај украинскиот народ. Ова е позицијата на Австралија, која недвосмислено го поддржува меѓународното право“, рече Албанезе на прес-конференцијата откако новинар го праша дали Срѓан Ѓоковиќ, таткото на славниот тенисер, треба да биде депортиран од Австралија.
„Не сакаме да видиме каква било поддршка за руската инвазија на Украина, која има разурнувачки ефект врз украинскиот народ“, рече Албанес, избегнувајќи конкретен одговор на прашањето.
Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан изјави дека нема да присуствува на полуфиналето на Австралија опен на неговиот син и наместо тоа ќе „гледа од дома“, откако се појави видео на кое се гледа како со уште неколку лица носи руско знаме со спорната ознака, објави Ројтерс







