Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон – Стенли Џонсон -, добил француско државјанство, пренесува Блумберг.
Француската влада, наводно, одлучи да го одобри неговото барање за државјанство во петокот (1 јануари). Според француската Влада тоа е доказ за тоа колку Британците се приврзани кон ЕУ, дури и по Брегзит.
Стенли Џонсон (80) беше мотивиран да аплицира за француско државјанство токму поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Тој е поранешен член на британскиот парламент, каде ја претставуваше Конзервативната партија, а беше и член на Европскиот парламент.
На британскиот референдум во 2016 година, тој гласаше за останување на Обединетото Кралство во ЕУ.
“Ако размислам правилно, јас сум Французин. Мојата мајка е родена во Франција, нејзината мајка беше Французинка, како и нејзиниот дедо. Значи, за мене, тоа значи да го вратам она што веќе го имам. И тоа ме прави многу среќен. Секогаш ќе останам Европеец “. – нагласил таткото на британскиот премиер.





