Таткото на Боки 13 на суд за напад на свештеник

На 21 октомври во Кривичниот суд, Миле Јовановски, татко на Боки 13 ќе  седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.



Јовановски кој е официјален сопственик на 1ТВ и ќе одговара за напад врз свештеникот Виктор Стојчев.

Нападот на свештеникот се случил на 7 јануари 2017 година, по што Стојчев поднел кривична пријава против Јовановски.